Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс-градоначалник реновирал објект со пари од ЕУ а потоа го продал за џабе на роднина за казино

Екс-градоначалник реновирал објект со пари од ЕУ а потоа го продал за џабе на роднина за казино

Поранешниот градоначалник на општина Демир Капија, Трајче Димитриев, ќе биде кривично гонет заради продажба на општински објект на негов роднина.

Според извори на Алсат, во периодот 2008-2009 година, објектот бил реновиран со пари од ЕУ, во износ од 500 илјади евра, по што истиот бил продаден на роднина на градоначалникот Димитриев, за сума од 2 милиони денари (32.5 илјади евра)

Како што дознава Алсат, после продажбата објектот е пренаменет во казино.


Слично

Поврзани вести