Екс директорот на УЈП поставен за директор на ДЗЛП
До неодамна прв даночник, а денес е поставен за директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Горан Трајковски кој во ноември беше разрешен од функцијата директор на Управата за јавни приходи од денеска има нова функција.
На собраниската седница, противник на овој избор беше опозицијата која вели дека Трајковски е назначен на оваа функција како награда за тоа што со години бил верен извршител на власта.
Сепак, според мнозинството пратеници Трајковски е стручна и компетентна личност со исклучително професионален ангажман.
Кој е Горан Трајковски?
Горан Трајковски е директор на УЈП од 2006 година, откако ВМРО ДПМНЕ е на власт. Ја наследи Петра Митева. Инаку, првиот даночник Горан Трајковски беше на челната позиција во скопската УЈП, кога на власт беше гарнитурата на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Љубчо Георгиевски. Во 2001 година Горан Трајковски и поранешниот министер за финансии, а сега премиер, Никола Груевски, добија кривични пријави од Комерцијална банка поради неисплатени 106 милиони денари за наплатени придонеси од плати.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/08/12/dosie-goran-trajkovski-prviot-danochnik-zaminuva-zad-nego-ostanaa-mnogu-kontraverzii/" target="blank" ]Досие: Горан Трајковски – првиот даночник заминува, зад него останаа многу контраверзии[/button]
Овој потег уследи откако претходно скопската УЈП ги обвини Хари Костов и осум лица од менаџментот на банката за даночно затајување. Костов ги бараше, а Трајковски одбиваше да ги врати спорните пари. Назначувањето на Трајковски за шеф на даночниците во 2006 година беше коментирано како непотизам во Владата на Груевски.
Кариера исполнета со многу контраверзии
Директорувањето на Горан Трајковски со Управата за јавни приходи ќе остане запаметено со многу контраверзии во јавноста. Трајковски беше еден од клучните играчи кои кумуваа на затворањето на највлијателната телевизија во Македонија А1 ТВ. Шефот на даночниците Горан Трајковски за време на случувањата во А1 тврдеше дека нема никаков упад во медиумот, нагласувајќи дека повеќе од 12 часа 6 инспекторки на УЈП биле безмалку во заточеништво. Иако тврдеше дека се што се случува во А1 е редовна контрола на трговски субјекти.
По извесен период А1 телевизија згасна.
Името на Горан Трајковски, за кои многумина коментираат дека е исполнета со многу контраверзии, особено добија на тежина по обелоденувањето на политичките бомби од страна на опозициската СДСМ. Во презентираните аудио разговори во неколку наврати се слушаа и разговори на Горан Трајковски, во еден дел со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, за во друг случај со екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Во некои од разговорите се слушаше како инспектори на УЈП казнуваат дуќанџии и кафулиња во Прилеп и Струмица, затоа што биле блиски до опозицијата.
УЈП дел од политичкиот договор во Пржино
Директорската позиција во УЈП, според информациите е дел од политичкиот договор во Пржино, за излез од политичката криза во која влезе Македонија. Сепак за кадровскирешенија досега не разговарале двете најголеми партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Инаку, во моментотв даночниците се и без заменик директор откако пред две недели во Струга беше застрелан Аргетим Асани.
Работата на Управата за јавни приходи беше критикувана и во извештајот на германскиот експерт Рајнхард Прибе, кој понуди и препораки за ослободување од политичките стеги на оваа институција.
