Екс директорот на Фондот за здравство Ѓорги Тренковски директор во Дрекселмаер!
Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ѓорѓи Тренковски седна на директорската фотеља во германски Дрекселмаер во Кавадарци. Тренковски е само еден од директорите во компанијата.
Редакцијата на Фактор иако се обиде, сепак не успеа да стапи во контакт со Тренковски.
Ѓорги Тренковски беше директор во Фондот за здравство во владата на Никола Груевски. Со Фондот, Тренковски раководеше три години, по што во август 2009 година си поднесе оставка, наведувајќи дека оставката ја поднесува од лични причини.
Но, веќе во ноември истата година Ѓорги Тренковски беше притворен, се товареше дека плаќал двојни фактури, односно за исти лекови исплаќал пари по двапати од касата на Фондот за здравствено осигурување, оштетувајќи го Фондот за речиси половина милион евра. Сепак случајот против него падна пред судиите и заврши со ослободителна пресуда.
Според тогашните пишувања во медиумите, случајот на Тренковски се најде и во записите на Викиликс. Во документот што го објавува Викиликс, детално се спомнува случајот на апсењето на Ѓорѓи Тренковски, кој, како што се вели во депешата, има репутација на еден од „најчистите“ чиновници во македонската влада, кој поднел оставка од принципиелни причини. Според записите на Викиликс, американската амбасада тогаш одиграла значајна улога во неговото ослободување од притворот.
Слично
