Екс директорка на машки чорапи и козметика трошела пари од службена картичка
Уште една во низата директорки кои трошеле од службените картички за лични потреби.
Поранешната директорка на скопскиот Центар за вработување Слободанка Алексовска си купувала машки чорапи, млека за тело, разна козметика, но и гумени бонбони, мешани кашкавали и јајца од јапонска потполошка на сметка на Агенцијата за вработување.
Овие наводи поткрепени со фискални сметки денеска ги посочи директорката на Агенцијата, Билјана Јовановска која рече и дека со злоупотреба на службената положба и овластувања нанела штета на имотот и буџетските средства на Агенцијата за вработување.
Јовановска истакна и дека екс директорката со службеното возило се возела надвор од работното време и за време на викенди.
Алексовска од буџетот на оваа институција во 2016 година потрошила 429.597 денари (околу 7.000 евра), а за првата половина од оваа година 116.625 денари (околу 2.000 евра) за свои лични и семејни потреби од маркети, молови, аптеки и слично.
