Економските потенцијали на Македонија претставени пред катарски бизнисмени
Бизнис делегација од Катар денеска престојува во неколкудневна посета на Македонија , а целта на посетата е да се унапреди економската соработка меѓу двете земји.
Со катарските бизнисмени се сретна претседателот Иванов кој ја истакна поддршката за зголемување на соработката со оваа земја.
Она што го посочи Иванов е неискористениот потенцијал за соработка и хеопходност од зајакнување на контакти меѓу бизнис заедниците на двете земји.
Катарците пак покажале интерес за областите на земјоделието, производството на храна, енергетиката, телекомуникациите, градежништвото, инфраструктурата и недвижностите.
Во деновите зад нас на средби со катарската делегација, институциите задолжени за привлекување на странски инвестиции, како и со домашни компании - членки на стопанските комори на Македонија биле разгледани бизнис можностите за инвестирање и беа претставени поволностите што странските инвеститори ги имаат во нашата држава, оценките на релевантните меѓународни фактори за реформските процеси и економските резултати.
