Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економските експерти ги кажаа своите очекувања за растот и инфлацијата

Економските експерти ги кажаа своите очекувања за растот и инфлацијата

Забрзува економскиот раст, тврдат економски експерти од Народната банка.

Забрзување на економскиот раст од 3,1 отсто годинава, 3,3 догодина и 3,6 отсто во 2021 година очекуваат економските аналитичари кои се учесници во најновата анкета на Народната банка направена во јуни.

Ваквите очекувања се темелат на продолжување на поволните трендови од претходната и првиот квартал на оваа година, олабавувањето на монетарната политика, довербата и очекувањата на економските субјекти, владините мерки за поддршка на претпријатијата, очекуваната интеграција во НАТО и ЕУ, зголемувањето на инвестициската и извозната активност, инфраструктурните проекти најавени од државата, како и со растот на личната потрошувачка поврзан со растот на просечната плата, кредитирањето и пониската невработеност.

Испитаниците очекуваат и постепено забрзување на инфлацијата. Во 2019 година очекуваат таа да изнесува 1,6 отсто, 1,8 наредната година и 1,9 отсто во 2021 година.

Ова го објаснуваат со повеќе фактори, како што се зголемената минимална плата, повисоката домашна побарувачка, повисоките цени на енергијата согласно очекуваниот раст на цената на нафтата на светскиот пазар,  и општиот раст на светските цени на примарните производи.

Слично

Поврзани вести