Економските „адути“ на Русија заради кои не се плаши да интервенира во Украина
Американскиот државен секретар Џон Кери денеска го посети Киев и најави оти САД ќе воведат економски санкции кон Русија доколку не преземе чекори за намалување на напнатоста во Украина.
„Може да има замрзнување на имотот, забрана за визи. Секако дека ќе има нарушување на нормалната трговска рутина. Може да има повлекување на бизнисмените кои инвестираат во земјата“, се закани Кери.
Но, официјална Москва засега не е исплашена од ваквите најави. Рускиот претседател Владимир Путин смета дека има „адути“ во ракавот кои му даваат силна позиција да се одбрани од можните санкции.
Доколку САД и наметне санкции на Русија поради Украина, Москва би можела да биде принудена да го отфрли доларот како резервна валута, вели советникот на Кремљ, Сергеј Глазиев.
Во тој случај како што наведе, Русија би добила отплата на кредитите во американските банки, а Москва може да им препорача на сите кои поседуваат американски обврзници да ги продадат.
„Русија би можела да ја намали нулта вредноста на својата економска зависност од САД“, рече тој, предупредувајќи дека ако тоа се случи, на американскиот финансиски систем му се заканува „крах“, а најпрво на удар ќе се најде американската валута.
Во однос на европските земји, Путин секогаш ја има моќта на гасот, кој од Русија, преку Украина стигнува до земјите од Европската унија.
Надлежните во ЕУ се загрижени поради можен недостаток на гас во Украина, но засега нема опасност за испораката на природен гас во европските земји, соопшти комесарот за енергетика Гинтер Етингер.
Тој најави и дека ЕУ ќе и помогне на Украина да го исплати долгот за рускиот гас, кој изнесува околу две милијарди евра, за да го спречи прекинот на испораката од Русија.
Слично
