Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економскиот експерт Бранимир Јовановиќ има ново работно место во Виенскиот институт за меѓународни економски студии

Економскиот експерт Бранимир Јовановиќ има ново работно место во Виенскиот институт за меѓународни економски студии

Економскиот експерт, професорот Бранимир Јовановиќ, кој беше дел од тимот на министерот за финансии Драган Тевдовски, од 1. октомври годинава е на ново работно место, односно професор економист во Виенскиот институт за меѓународни економски студии. 

Во зијавата за емисијата „Стадион“ на Канал 77, Јовановиќ истакнува дека ќе работи на истражувања од областа на економијата.

-Од 1 октомври сум вработен со полно работно време во Виенскиот институт за меѓународни економски студии, ќе работам како економист кој ќе го покрива Балканот, пред сѐ Македонија и Србија, но по потреба и други земји. Се разбира, ќе работам и на други истражувања што ги работи институтот кој е еден од водечките економски институти во светот за регионот на Источна Европа. Значи, не само Балканот, туку и земјите од Вишеградската група, потоа државите од некогашниот Источен блок, како Русија, Белорусија, Украина, Романија, Бугарија, но и Турција…, практично цела источна Европа“, рече Јовановиќ во интервјуто на Канал 77.

Професорот Јовановиќ беше во тимот на екс-министерот Тевдовски советник за макроекономска политика, а се повлече на почетокот на мај минатата година.


Слично

Поврзани вести