Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економски залет или фингирани бројки?

Економски залет или фингирани бројки?
Раст на БДП измери статистика. За СДСМ податоците се фингирани Бруто - домашниот производ  во третото тромесечје од годинава има раст од  3,5%, објави Државниот завод за статистика. Најголем пораст има кај градежништвото од 29,4% Во објаснувањето од Државниот завод за статистика е наведено дека Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2015 година, номинално расте за 3.4%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64.4%. „Стапката на раст е главно движена од секторот градежништво, кој има исклучително висока стапка од 29,4%. Со оглед дека финалната потрошувачка на јавниот сектор има висока стапка на раст, веројатно растот во градежништвото е генериран од интензивирањето на капиталните инвестиции на државата“ вели Благица Петрески, економски аналитичар од Finance Think. Сепак, дел од економистите посчуваат дека стапката на раст на градежништвото од 29,4% може да се смета за висока, и дека до скоро  капиталните инвестиции на државата беа под планот на реализација, но можно е сега, откако беше јасно дека другите сектори нема да повлечат висок раст, да се интензивираа капиталните инвстиции. Во првто тромесечје од годинава растот на економијата изнесуваше 3,5%, потоа во второто тромесечје 3,2% а сега во третото тромесечје изнесува 3,5%. СДСМ – Државниот завод за статистика ги фингира податоците за БДП За опозициската СДСМ, Државниот завод за статистика ги фингира податоците за бруто-домашното производство. Опозцијата смета дека како што Државниот завод за статистика пред неколку дена неуспешно се обидел да го спаси, како што пишуваат, премиерот во заминување, Никола Груевски, со нерално прикажување на стапката на вработеност, така и денес се обидува да го направи тоа со БДП. Преку партиско соопштение порачаа дека целата одговорност ќе биде на товар токму на директорот на Државниот завод за статистика. „Почитуван директоре на ДЗС, вашиот шеф Груевски си заминува за не повеќе од еден месец, но Вашите „гимнастики“ со статистичките податоци ќе останат да бидат доказ за Вашата одговорност, стои во соопштението на СДСМ. СДСМ бара објаснување, за бројките што ги објавува статистиката, посочувајќи дека ММФ, НБРМ, па дури и самото Министерство за финансии пред не повеќе од месец дена ги ревидираа во надолна линија проекциите за раст на БДП. „Го повикуваме директорот на ДЗС, кој по завршувањето на секоја календарска година, сам си ги ревидира сопствените квартални извештаи, да објасни како е можно при минимален раст на бруто инвестиициите од 2.8%, да објави раст на градежништво од 29.4%,“ стои во рекацијата на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ не сака земјата да напредува На овој став на опозициската СДСМ реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека фактот кој СДСМ ги боли е дека Македонија оди напред, а во третиот квартал во 2015 БДП бележи раст од 3,5%, и денес БДП е двојно поголем во споредба со времето на СДСМ. „СДСМ не може да се помири со фактот дека Македонија бележи континуиран раст на индустриското производство, извозот, градежништвото, отворени се десетици странски инвестиции, креирани се 150 000 нови работни места и денес стапката на невработеност изнесува инсториски најниски 25,5%, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија посочуваат дека СДСМ би биле најсреќни Македонија да назадува. „СДСМ треба да престане да се однесува незрело и податоците од државниот завод за статистика еднаш да ги прифаќа друг пат да ги негира. Очигледно дека на СДСМ им пречи тоа што и покрај нивната деструктивна политика и обиди да се турне Македонија во хаос, државата бележи успешни економски резултати, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. С.Н.
Слично

Поврзани вести