Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКОНОМСКИ САМИТ ВО ДАВОС: Што има да каже Леонардо ди Каприо за нафтата?

ЕКОНОМСКИ САМИТ ВО ДАВОС: Што има да каже Леонардо ди Каприо за нафтата?

Холивудскиот глумец Леонардо ди Каприо најави на економскиот самит во Давос дека неговата фондација ќе донира 15 милиони долари за заштита на животната средина.

„Не можеме да дозволиме корпорацијата лакома за јаглен, нафта и гас да ја обликува иднината на човештвото“, нагласи ди Каприо.

Познатиот глумец рекол дека е чест за него што во Давос има шанса да укаже на опасноста од климатски промени.

Леонардо ди Каприо, заговорник на заштитата на животната средина и домородните народи, ги потсетил политичарите на обврските кои ги преземале на неодамнешниот самит за клима во Париз.

Повеќе од 2500 учесници се собрале на овогодишниот економски самит во Давос.

Слично

Поврзани вести