Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економски ова е најголемата закана за 2018 година

Економски ова е најголемата закана за 2018 година

ИТ експертот Џејсон Блумберг објави aнализа во „Форбс“ во која предупреди дека илегалното тргување со криптовалути е најголемата закана во 2018-та. 

Тој вели дека ова треба со закон да се забрани.

По долго размислување, Блумберг доаѓа до заклучок дека илегалната трговија со криптовалути е толку застрашувачка што би требало да се укинат сите криптовалути.

„Ваквиот вид напади може толку брзо да се прошират на многу компјутери, мрежи и бази за податоци ширум светот. Моето мислење е дека технологијата за превенција или ублажување на овие подли „инфекции“ никогаш нема доволно добро да функционираат. Постои само еден начин за совладување на заканите: Мора со закон да се забранат сите криптовалути кои постојат“- пишува Блумберг.

Една од причините е поради тоа што областа на криптовалутите е толку подложна на илегална трговија. Накратко, тоа значи дека било кој на интернет може да работи со криптовалути, да ги продава, купува или „копа“/создава со помош на посебен софтвер.

Слично

Поврзани вести