Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економската соработка со Грција рапидно расте од стартот на преговорите за преспанскиот договор

Економската соработка со Грција рапидно расте од стартот на преговорите за преспанскиот договор

Економскиот аналитичар и сега советник во Владата, Фатмир Битиќи, за Радио слободна европа вели дека Македонија многу извезува и увезува од Грција, но според него, од моментот на започнување на преговорите за решавање на билатералниот спор, трговската размена е зголемена над 20 проценти, во периодот од јуни 2017 – јуни 2018 година.

„Деновиве ги очекуваме податоците за третиот квартал и овој тренд најверојатно е во растечка линија од двете страни, увозот и извозот. Трговскиот биланс е поприлично задоволителен и тоа е во нагорна линија, што укажува на враќање на довербата на самите стопанственици и секако, како што се очекува од решавање на политички билатерални спорови, дека економијата е прва на позитивен удар“, вели Битиќи.


Слично

Поврзани вести