ЕКОНОМСКА ВОЈНА: Турски бизнисмени уапсени во Москва
Денешното апсење на турските бизнисмени во Москва покажува дека, по соборувањето на рускиот воен авион, односите меѓу Турција и Русија се заоструваат.
Над 39 бизнисмени се уапсени во Москва, за прекршување на визниот режим.
Бизнисмените присуствувале на конференцијата земјоделската индустрија во јужниот руски регион Краснодар, а биле уапсени попладнето, бидејќи влегле земјата без бизнис визи.
Еден од приведените изјавил за Си-Ен-Ен Турк дека досега можеле да учествуваат на саеми само со туристички визи. Руските власти го образложиле ваквиот потег, наведувајќи дека туристичката виза не е доволна за нивниот престој во Москва.
Во меѓувреме, руското Министерство за надворешни работи денеска повторно апелираше до своите граѓани да ги откажат патувањата во Турција.
Освен тоа, Москва најави и санкции против Турција во проектот за гасоводот “ Турски поток”.
Гасоводот и изградбата на АЕЦ Акују во Турција се наоѓаат на списокот на инвестициски проекти што може да бидат замрзнати или откажани како дел од мерките против Анкара, изјави рускиот министер за економски развој Алексеј Улјукаев.
