Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКОНОМСКА ВОЈНА: Русите воведуваат нови остри санкции за Турција

ЕКОНОМСКА ВОЈНА: Русите воведуваат нови остри санкции за Турција

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска потпиша уредба за примена на дополнителни економски мерки против Турција, кои ќе стапат на сила на 1 јануари, соопшти денеска прес-службата на премиерот.

„Направивме листа на одреден вид услуги што на територија на Русија ги пружаат организации под јурисдикција на Република Турција, како и организации што ги контролираат граѓани на Турција или организации што се во надлежност на Република Турција, а кои се забранети од 1 јануари 2016 година“, се наведува во соопштението.

Во согласност со уредбата, Москва го забрани работењето во Русија за сите турски туристички агенции, хотели и компании што даваат услуги од областа на хотелиерството.

Забраната, исто така, се однесува на градежните работи, архитектурата и на дрвната индустрија.

Ова е втора низа на економски санкции, што русите ги воведуваат против Турција. Претходно, освен економски санкции, Русија воведе и визи за турските државјани.

Односите меѓу Москва и Анкара се влошија откако турските сили на 24 ноември го урнаа рускиот авион „су-24“ над Сирија.

Слично

Поврзани вести