Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКОНОМСКА МЕРКА ЗА 100.000 МЛАДИ: 30.000 денари вредни ваучери за кофинансирање на обуки за информатички вештини

ЕКОНОМСКА МЕРКА ЗА 100.000 МЛАДИ: 30.000 денари вредни ваучери за кофинансирање на обуки за информатички вештини

Владата во третиот сет економски мерки дава силна поддршка на младите да се продолжи образовниот процес. Премиерот Спасовски рече дека тоа е придонес за студентите и учениците за нивна едукативна надградба. Во оваа насока, ќе се доделуваат ваучери од најмногу 6,000 денари за покривање на универзитетската партиципација или пак за сместување во студентските, ученичките домови и останатите сместувачки капацитети за студентите и средношколците чии семејства имаат ниски приходи.

-Оваа мерка, која се однесува на младите предвидува и платежна картичка за во вредност од 3,000 денари за домашни производи и услуги. Воведуваме и ваучери до 30,000 денари за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини за млади.
Со покривањето на трошоците за тренинзи и обуки, ги подржуваме младите да стекнат знаења и вештини од информатичката технологија кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија.
Оваа мерка ќе опфати 100 илјади млади сограѓани, во вредност од 12 милиони евра, потенцираше Спасовски.


Слично

Поврзани вести