Економска криза ќе го „стресе“ светот во 2016?
Светската економија и берзите оваа година ќе се влошат, а најтешко ќе им биде на земјите кои зависат од цените на суровини, предупредува еден од најмоќните луѓе во светот, Џејкоб Ротшилд.
Тој вели дека земјите во развој, последниве години се задолжувале во девизи и сега им стигаат кредитите за наплата.
„Кредитите пораснаа заради раст на курсот на доларот, а ситуацијата дополнително им ја отежнува и падот на цените на суровините на светските пазари. Такви земји како Русија, Бразил, Нигерија, Казахстан, Украина ќе бидат во многу тешка положба“-вели Ротшилд.
Додава дека економијата во целиот свет ќе има последици, кинеската економија ќе забави, а разочарувачки БДП ќе имаат САД и земјите од ЕУ. Негативно на светската економија ќе влијае кризата на Блискиот Исток и евентуалниот излез на Велика Британија од ЕУ.
„Црните“ прогнози на Ротшилд ги потврдуваат и од ММФ. Се смета дека решението е светските лидери да направат реформи за поттикнување на растот и да ја ублажат кризата.
Слично
