Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКОНОМИСТИ: Власта сериозно да ги сфати препораките на ММФ!

ЕКОНОМИСТИ: Власта сериозно да ги сфати препораките на ММФ!
Препораките од Меѓународниот монетарен фонд треба сериозно да се сфатат од креаторите на економските политики во земјава, укажуваат дел од економистите. Во најновиот коментар на Асоцијацијата за економски истражувања Finance Think, кој се однесува на последниот извештај на ММФ, се посочува дека иако македонската економија е оценета како стабилна и со солиден раст, сепак треба да се посвети серизно внимание на препораките на монетарците за растечкото темпо на јавниот долг, улогата на приватниот сектор, рационализацијата на трошењата. - Иако Македонија е земја со умерена јавна задолженост, Соопштението става силен акцент врз брзината на зголемување на јавниот долг во релативно краток временски период – од 23% од БДП во 2008 на 46% во 2014 година. Нагласувањето на терминот „остар раст [на јавниот долг]” укажува дека загриженоста на Фондот во поглед на (зголемувањето на) јавниот долг бара итно и сериозно внимание. Просторот до таргетираниот јавен долг. Фондот дава мека препорака според која поставување на таргетираниот јавен долг на 60% од БДП (со Уставно регулирање), треба да служи само како ориентир, а не да се сфати како креирање фискален простор кој треба веднаш да се искористи. Оваа препорака станува јасна ако се има предвид дека фондот препорачува понизок оперативен таргет за јавниот долг, кој веројатно не е многу над сегашното остварување од околу 44% од БДП. Последното, пак, дава јасна индикација дека Фондот не поддржува понатамошно зголемување на јавното задолжување, посочуваат од Асоцијацијата. Економските аналитичари од Асоцијацијата,  се согласуваат со наодите од извештајот на ММФ дека годинава буџесткиот дефицит ќе се продлабочи на 4 отсто, а создавањето на фискален простор,  што ќе овозможи фискалната политика да дејствува ако се појави нов економски шок, во моментов е значајно ограничен.  Истовремено укажуваат дека треба да сопрат непродуктивните трошења. -Фискалната експанзија го истиснува приватниот сектор, што во услови на позначајно забрзување на економијата, може да влијае и врз зголемување на каматните стапки. Во Соопштението е јасна загриженоста на Фондот дека фискалната политика не може уште долго да биде носител на растот и дека таа улога треба постепено да ја препушта на приватниот сектор, првенствено преку симнување на буџетскиот дефицит во разумни граници. Потребно е целосно свртување на фискалната политика кон финансирање продуктивни јавни инвестиции и конечно целосно напуштање на непродуктивните трошења. Рационализацијата треба следствено да доведе до намалување на тековните буџетски трошоци, буџетскиот дефицит и да го релаксира притисокот врз јавниот долг, наведуваат од Асоцијацијата. ММФ во извештајот посочи дека економскиот раст годинава ќе биде 3,2 отсто, но како ризици остануваат домашната политичка криза, како и кризата во Грција, кои може да влијаат врз инвестициските одлуки. Монетарците укажаа дека се потребни структурни реформи за продолжи макроекономската стабилност и дека Народната банка ќе треба да пристапи кон затегнување на монетраната политика. Во ивзвештајот се нотира дека од 2008 година наваму јавниот долг има растечко темпо. Бизнисмените извештајот го пречекаа со различни оценки, за дел од нив сметаат дека е  реален, а дел укажуваат дека има и негативни страни, но и сериозни препораки кои во следниот период треба да се спроведат. Ј.С.
Слично

Поврзани вести