Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Економист": Радев не е толку проруски колку што го сметаат

„Економист": Радев не е толку проруски колку што го сметаат

Прооруски кандидати ги освоија претседателските избори во Молдавија и Бугарија на 13 ноември или барем тоа гласеа насловите во медиумите. 

Вистината е посложена, пишува списанието „Економист". Иако победниците се кандидати кои имаат направено пријателски гестови кон Москва, никој од нив нема да внесе радикални промени во геополитичката ориентација на земјата за краток рок. Овластувањата на претседателот и во двете земји се ограничени. Некои од поддржувачите изгледа се надеваат дека Русија ќе ја помогне економијата на нивните земји. Таквите надежи се осудени на разочарување, пишува авторитетното британско издание.

Во Бугарија победник е Румен Радев од БСП, поранешен пилот на МиГ-29 и поранешен командант на бугарските воздухопловни сили. Тој го победи кандидатот на партијата на премиерот Бојко Борисов, кој си поднесе оставка. На пролет во земјата најверојатно ќе има парламентарни избори.

Радев беше поддржан од етничките Турци во Бугарија, чија главна партија е тесно поврзана како со локални олигарси, така и со руски фирми. Бугарските социјалисти се поддржани од конзервативни пензионери и од поврзаната со Москва Православна црква. Но,  претходните влади  се согласија да ги прифатат американските бази во Бугарија, забележува списанието.


Слично

Поврзани вести