Економијата во Сингапур бележи раст од 14.3 отсто
Економијата во Сингапур расте иако пандемијата не е завршена.
Земјата има најсилен економски раст во последните 11 години во вториот квартал од оваа година. Растот е за 14,3 проценти во вториот квартал од 2021-ва година во споредба со истиот период лани. Бројот на случаи со коронавирусот во Сингапур започна повторно да се зголемува годинава, принудувајќи ја владата да ги заостри мерките за социјално исклучување на почетокот на мај. Властите започнаа постепено олеснување на ограничувањата минатиот месец, откако беше регистрирано намалување на бројот на заразени.
Имунизирани се 70 проценти од приближно 5,69 милиони луѓе во земјата. Тие примија барем една доза од вакцината против коронавирусот, а повеќе од 41 процент се целосно имунизирани, пренесува „CNBC“. Земјата има ниски даноци и висок БДП по глава на жител.
