Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економијата во позитива, раст во третиот квартал од 3,3 отсто

Економијата во позитива, раст во третиот квартал од 3,3 отсто
Растот на БДП во третиот квартал е 3,3%, извозот на стоки и услуги пораснал за  7,2 %, додека увозот се намалил за 2,1 отсто. Како што соопшти Државниот завод за статистика, во третиот квартал има раст во повеќе сектори, а најголем кај Градежништвото со над 30 отсто. Номинален раст има и во финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата. Во третото тримесечје годинава. споредено со истиот период лани растот е 4 отсто. Раст имаше и во претходните два квартали,  2,9 проценти во првиот и од 3,9 во вториот. Инаку на ниво на Европската унија,  во третиот квартал најголем раст на БДП има Романија од 4,1 отсто,  Латвија со 3,9 проценти, по што следува Македонија со 3,3 отсто.
Слично

Поврзани вести