ЕКОНОМИЈАТА ЦВЕТА: Невработеноста во Германија на најниско ниво!
Невработеноста во Германија во јануари падна на најниско ниво, бидејќи е продолжено опоравувањето на најголемата европска економија, покажаа денеска објавените податоци на германската агенција за вработување.
Стапката на неврабоетност во Германија во јануари паднала на 6,2 одсто од 6,3 проценти во декември, што е најниска стапка од обединувањето на источна и западна Германија во 1990 година, после падот на Берлинскиот ѕид година дена порано.
Бројот на невработени лица во Германија е намален за 20 000 на 2,73 милиони, што е повеќе од очекувњата, со оглед на тоа дека економистите очекувале пад на бројот на невработени од 6500.
Меѓутоа, според сезонските неприлагодени податоци, невработеноста во Германија во јануари пораснала за 239 000, на 2,9 милиони, а стапката на невработеност се искачи на 5,7 одсто од декемвриските 6,1 одсто, се наведува во соопштението на агенцијата за вработување, и додава дека таков раст е последица на сезонски фактори.
„Економијата на Германија во целата 2015 година остварила раст од 1,7 одсто, како резултат на динамичната домашна потрошувачка. Овој тренд би требало до продолжи и во 2015, бидејќи состојбата на пазарот на труд се развива во позитивна насока“, соопшти агенцијата.
