Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економијата слабее, големи предизвици за Индија

Економијата слабее, големи предизвици за Индија
Растот на бруто домашниот производ на Индија не ги оправда очекувањата во вториот квартал каде има пад до 4-годишното дно и раст на економските проблеми на земјата поради големиот слободен пад на рупиите, соопшти CNBC . Официјалните податоци објавени денеска, покажаа дека индискиот БДП се зголеми за 4,4 % во периодот април -јуни на годишна основа , останувајќи под прелиминарните предвидувања на експертите за раст од 4,7 % . Бавното темпо на проширување на индиската економија од првиот квартал на 2009 година  се случува поради слабиот резултат во рударството и производствениот сектор на земјата. Оваа недела француската банка BNP Paribas ја намали прогнозата за индискиот раст во текот на финансиската 2014 година до едвај 3,7 % од претходните  5,2 % .  Во август рупијата го регистрираше најсилниот месечен пад последниве 18 години. Според Тимур Бег , главен економист за истражувањата на светските пазари во Deutsche Bank , Индија се соочува со значајни предизвици . „Индија е заложник за надворешни пазарни ставови , па продолжи нестабилноста околу намалувањето на стимулациите , мислам дека нестабилноста на девизниот курс ќе се задржи не само во Индија туку и во големите економии на пазарите кои се карактеризираат со големи дефицити на тековната сметка " , смета тој .
Слично

Поврзани вести