ЕКОНОМИЈАТА РАСТЕ, НО ДАЛИ Е ДОВОЛНО: До стандардот на ЕУ за 30 години?
Раст од 3, 5 отсто во претпоследниот квартал, економијата забрзано се движи кон остварување на конечната борјка за годинава. На овој начин вкупниот раст на БДП во деветте месеци од годинава изнесува 3,43%, што е на линија со проекцијата на Владата со ребалансот на Буџетот.
Во објаснувањето од Државниот завод за статистика е наведено дека Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2015 година, номинално расте за 3.4%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64.4%.
„Стапката на раст е главно движена од секторот градежништво, кој има исклучително висока стапка од 29,4%. Со оглед дека финалната потрошувачка на јавниот сектор има висока стапка на раст, веројатно растот во градежништвото е генериран од интензивирањето на капиталните инвестиции на државата“ вели Благица Петрески, економски аналитичар од Finance Think.
Според досегашните испорачани економски резултати, најдобра економска година е 2007 кога економијата покажа раст од 6,5%. Во изминатите неколку години, две беа во знакот на рецесија. Дел од економистите подолг период укажуваат дека со сегашните стапки на раст на БДП, кои се движат околу 3 отсто, не може да се очекува рефлексија врз стандардот на граѓаните.
Според податоците на надлежните институции, земјава во целиот овој период не успеа да испорача континуирани и одржливи стапки на раст. Имено, во овие 23 години, дури шест години се во знакот на криза, со негативна стапка на раст. Еве како се движеше растот ан БДП од 2007 година:
Раст на БДП :
2007 6,5%
2008 5,5%
2009 -0,4%
2010 3,4%
2011 2,3%
2012 -0,5%
2013 2,7%
2014 3,5%
За годинава, растот е проектиран на 3,5% додека за догодина повторно е исцртана оптимистичка проекција за раст од 4%. Според дел од економистите проблематично е што овие стапки не се проследени со соодветни буџетски трошења и дефицити. Во последниот Извештај на Светска Банка беше посочено дека на Македонија ќе и бидат потребни 30 години и стапка на раст од 4,5% за да стаса до европскиот просек.
Дел од економистите сметаат дека на Македонија и се потребни најмалку десет години во континуитет да испорачува стапки на раст повисоки од 8% за да тоа придвижување да се рефлектира и врз стандардот на граѓаните. Според сегашните позиции, македонскиот стандард изнесува 36% од евроскиот просек, и ова ниво е бетонирано со години, пришто земјава е во групата на оние чии граѓани се најсиромашни.
Слично
