Економијата од минус 0,4%, до плус 3%, статистички излез од кризата?
Бруто домашниот производ, минатата година во земјава изнесувал 7, 454 милиони евра, што е пад од 0,4 отсто во однос на 2011 година, објави Државниот завод за статистика. Гледано по глава на жител БДП лани изнесувал 3 616 евра, и има благо намалување во однос на 2011 година, кога БДП по глава на жител изнесувал 3 630 евра. Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2012 година имаат трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, стои во извештајот на Државниот завод за статистика.
„Финалната потрошувачка во 2012 година, во однос на 2011 година, номинално опаѓа за 0.4%, а во структурата на БДП учествува со 93.2%. Учеството на Извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2012 година изнесува 53.6% и има пад од 1,3%. Раст има кај Бруто инвестициите и тоа кај инвестиции во основни средства кои лани во структурата на БДП учествувале со 23% за раслика од 2011 година кога учествувале со 20,6%. “, стои во податоците на Државниот завод за статистика.
Минатата година вкупната економија заврши во негатива од 0,4 отсто. Претходно негативни резултати имаше во 2009 година кога БДП на крајот на годината заврши со -0,9%, и конфликната 2001 година кога БДП падна за -4,5%.
Лани Македонија беше во рецесија. Рецесијата беше прогласена откако првите два квартали од годината беа во негатива. Земјата излезе од ресеција дури во третиот квартал кога БДП покажа позитивна стапка на раст од 0,2%.
Бизнис заедницата и експертската јавност укажуваа дека минатата година е една од потешките и години. На што упатуваа и податоците за пад на индустриското производство кое 14 месеци по ред во континуитет имаше надолен тренд.
Еве како по години изгледа растот на вкупната економија
За годинава пак Народната Банка очекува дека ќе се оствари но и дека е можно надминување на проектираниот раст од 2,2 %. Гувернерот Димитар Богов неодамна изјави дека со оглед на позтивните сигнали од Европската Унија, може да се очекува и поголем раст на вкупната економија во земјава од проектираниот.
„За оваа година нашата проекција се уште е 2,2 отсто, но по објавувањето на податоците за вториот квартал за БДП, веројатно ќе дојде до поместување нагоре. Ние сега ја почнуваме новата рунда проекции која ќе биде готова некаде кон крајот на октомври, меѓутоа за очекување е дека растот на БДП оваа година веројатно ќе биде над 3 отсто“ - вели Богов.
Тој посочува дека интересно е што депозитите во банките кај нас континуирано растат. Истовремено, депозитниот раст е повисок од кредитниот во последните неколку години.
Бруто домашниот производ по глава на жител се уште е далеку од земјите на ЕУ. Македонскиот БДП по глава на жител е 65% под просекот во ЕУ.
С.Н.

Слично