Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економијата на САД е во добра форма

Економијата на САД е во добра форма
Економијата на САД продолжува да е во добра форма, ова стана јасно од економскиот извештај на Федералните резерви. Документот ја анализира макроекономската ситуација во земјата преку очите на централните банкари. И во октомври и ноември економијата забележа стабилен раст. Корисниците имаат корист од пониските цени на бензинот и горивата. Затоа според ФЕД во повеќето области приватната потрошувачка дополнително поттикнала конјуктура. Во прилог е и раното заладување во некои делови на САД кое придонесе за зголемена продажба на зимска облека. Општо земено, извештајот ги потврдува тврдењата на претседателот на ФЕД Џенет Илеин и на другите централни банкари за темпото на закрепнување на економијата по рецесијата. И на пазарот на трудот ситуацијата се подобрила. На некои места работодавците се борат да го задржат персоналот на клучните позиции. А во некои региони постои и проблем за замена на постоечките работни места, како на пример позиции за IT професионалци или за места во областа на здравството. Оценката за економската ситуација на Федералните резерви игра важна улога на финансиските пазари. Извештајот се базира на студии во дванаесетте области на ФЕД. Пред донесувањето на одлуките за монетарната политика 12 регионални дирекции на ФЕД прават големи студии меѓу економските субјекти во странство за да се добие една поголема објективна слика на економијата. Економијата на САД доби на интензитет по неколку години на криза, откако во летниот квартал таа се забрза со годишна стапка од 3,9%. Централната банка го врзува својот курс на монетарната политика со развојот на економијата. Од крајот на 2008 година Банката на федерални резерви ја одржува основната камата на рекордно ниски нивоа од нула до 0,25 проценти. Трн во очите на централните банки сега останува особено стагнацијата на платите и сеуште високиот број на долготрајно невработените лица. K.K.
Слично

Поврзани вести