Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКОНОМИЈАТА НА КОЛЕНА: Русија воведува целосно ембарго за Турција

ЕКОНОМИЈАТА НА КОЛЕНА: Русија воведува целосно ембарго за Турција

Руската агенција за контрола на храната „Роселкознадзор“ соопшти дека планира да го запре увозот и на преостанатото овошје и зеленчук од Турција.

Се работи за роба која не била опфатена со досегашното ембарго, а одлуката би требало да стапи на сила следната недела.

„Размислуваме за забрана на останатото овошје и зеленчук“, наведува заменик началникот на агенцијата Јулија Свабускина.

Така забрана ќе биде воведена на увозот на тиквици, лимон и грејпфрут, а како причина го наведуваат кршењето на санитарните услови.

Ограничувањето на увозот на овошје и зеленчук и друга роба од Турција, Русија го воведе на почетокот на годината. Односите на двете земји се влошија од ноември минатата година, кога турскиот борбен авион собори руски во Сирија.

Санкциите вклучуваат и забрана на вработување на турски државјани, а се проценува дека ова ембарго ќе ја чини турската економија 3,1 милијарди долари само оваа година.

Москва сепак негира политички контекст во оваа одлука.

„Роселкознадзор не се занимава со политика, се занимава со своите специфични прашања“, рекол портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Слично

Поврзани вести