Економијата еден од приоритетите во македонско-хрватските односи
По средбата со македонскиот премиер Никола Груевски, хрватскиот претседателот Иво Јосиповиќ ја заврши дводневната официјална посета на Македонија по што се упати кон Косово
Двете држави имаат одлични пријателски односи и не постојат отворени прашања меѓунив, а добрите и пријателски политички односи, како и остварувањето на интензивниот дијалог на највисоко ниво отвора простор за уште поинтензивна економска соработка која ќе донесе напредок на земјите, се наведува во соопштението на владината прес служба.
Хрватскиот претседател се согласил дека постои добра основа за продлабочување на економската соработка меѓу двете држави особено на полето на земјоделството, преработувачката индустрија и туризмот.
„Би било добро ако постои голем инфраструктурен проект на регионално и европско значење дека ќе има таков капацитет да се изгради нашата економија, како и да имаат корисен ефект не само на нашата земја и регионот, но исто така и за цела Европа. Поточно, ние разговаравме за автопатот Јадранско-јонската“ , посочил Јосиповиќ,
Груевски пак истакнал дека унапредување на економската соработка, зголемување на трговската размена и соработката на полето на инвестициите, се приоритети на македонската Влада. Исто така истакнал дека во Македонија постојат повеќе успешни примери на хрватски инвестиции, како што е инвестицијата на компанијата „Агрокор“ во Струмица, што покажува дека постои сериозен потенцијал за зајакнување на економските односи меѓу државите, а им посакал добредојде на сите заинтересирани хрватските инвеститори.
За време на средбата се разговарало и за значајноста за поддршката на реализацијата на стратешките определби на Република Македонија за полноправно членство во Европската унија и во НАТО.
Јосиповиќ истакнал дека во Македонија гледа искрен пријател и дека Хрватска и понатаму ќе остане силен поддржувач на евроинтегративните процеси на Република Македонија.
Дел од медиумите исто така пренесоа дека хрватскиот претседател најавил дека повторно ќе го отвори прашањето зошто хрватските телевизии имаат ограничен пристап на македонскиот медиумски простор. Тој истакнал дека некогаш хрватските телевизии биле гледани, ако не и меѓу најгледаните, не само меѓу Хрватите, туку и меѓу другите граѓани во Македонија, но поради правни, технички или други причини, тоа е значително намалено.
Слично
