ЕКОНОМИЈА ИЛИ ЕКОЛОГИЈА: Зошто Македонија не може да има две во едно?
Владината одлука за “Макстил” и “Југохром” е половично решение, сметаат екологистите. Од еколошките друштва велат дека го имаат во предвид социјалниот аспект , односно отпуштањето на работници, но сметаат дека за одржлив развој е важно економијата и екологијата да одат во пакет. Екологистите се скептични дека овие две компании и со новите рокови ќе успејат да ги воведат интегрираните А еколошки дозволи.
-Нашиот став е дека фабриките треба да се затворат додека не ги исполнат сите еколошките критериуми. Со овие одлуки и решенија се дава само половично решение и се компензира со здравјето на граѓаните. Се додека челниците во приватниот и јавниот сектор не почнат да размислуваат, одрлижво, односно економија заедно со животна средина, а не "или"едното или другото, нема да имаме вистински развој и благосостојба на граѓаните. “Југохром” не очекувам дека и со новиот рок ќе успее да ги исполни стандардите, “Макстил” ако инвестира за набавка на "стаклено звоно "кое чини 20 милиони евра, а тоа ќе го знаеме оти мора да има јавна набавка.”Стаклено звоно” е како покривка врз погоните која не дозволува прашината и сите штетни емисии за излезат во воздухот, бидејќи не се само оџаците проблем на “Макстил”, туку во целиот производствен процес, пренос на руда, обработка, горење, во секоја фаза се испуштаат штетни емисии кои го загадуваат воздухот и затоа ова т.н. "стаклено звоно" всушност е како покривка врз погоните кои нема да дозволат сите тие емисии да излезат, вели Антонио Јовановски, од еколошката невладина организација “Go green”.
За двете фабрики роковите веќе се продолжуваа неколкупати, а последниот законски рок од апрли годинава, се пролонгираше до 31-ви минатиот месец. Но и до овој рок овие две копании не успеаја да ги исполнат еколошките критериуми.
Нови рокови и згаснати печки
Викендов Владата донесе одлука Макстил привремено да ги згасне печките, а Југохром ќе го преполови производството. Фабрката „Југохром“ доби нов дополнителен рок од две години, за воведување на новите еколошки стандарди. За време на дополнителниот рок нема да работи целата фабрика туку само еден дел од погоните.
Скопската железарница „Макстил“ соопшти дека го прекинува производството во погонот Челичарница додека не ги исполни предвидените обврски за реализација на оперативниот план за воведување еколошки стандарди.Во меѓувреме производството во погонот Валавница ќе продолжи непречено со полупроизводи од увоз.
-Во претстојниот период ноември 2014 до јануари 2015 следува завршната фаза од реализацијата на проектот нова филтерска постројка. Таа опфаќа монтажа и поврзување на новата постројка со постоечките инсталации. Од средината на декември 2014 до средината на јануари 2015 следуваат ладни и топли проби, по што погонот Челичарница повторно ќе биде активиран, а ќе работи по најстрогите европски норми за емисии на издувни гасови во амбиенталниот воздух, соопштија од “Макстил“.
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски изјави дека “Југохром“, со оваа условна одлука продолжува да ги исполнува стандардите и тоа врз основа на прецизен временски план со силни контроли, а со самото намалување на производството за 50 отсто, значи ги намалува емисиите на штетни материи за 60-70 проценти.Од Владата информираа дека „Југохром“ од вкупно 29 активности предвидени во оперативниот план за усогласување за добивање интегрирана дозвола, исполнети се од оваа компанија 21 активност.
-Владата водеше сметка и за социјалниот момент за работниците, го преполовува производството, но нема право да го намали бројот на работници и под 1.100 од моменталните 1.250. Ако овие 150 привремени ги одмори тоа може да го направи најмногу шест месеци и после ги враќа на работа. Ако го затворевме никогаш немаше да ги исполнат стандардите, работниците ќе останеа на улица, а регионот економски мртов. 1.250 семејства живеат директно од „Југохром“ и уште 4.000 семејства индиректно како кооперанти. На овој начин и работниците работат и е намалено загадувањето, изјави вицепремиерот Пешевски на прес-конференцијата пред два дена.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, изјави дека се земени во предвид укажувањата од надлежните од еколошки аспект во однос на Југохром и дека од еколошки аспект е постигнат чекор напред.
-Моите сограѓани дали ке бидат задоволни дека ќе дишат помалку 50 проценти загаден водух не сум сигурна и јас не сум сигурен за тоа, меѓутоа ги уверувам граѓаните на Тетово дека од еколошка гледна точка ние веќе имаме голем чекор напред што еден од големите загадувачи т.е . најголемиот од загадувачите се затвора, така што влијанието на загадувањето на воздухот драстично ќе се намали, но не значи дека драстично ќе се поправи загадувањето во градот Тетово, изјави викендов министерот Изаири.
Компанијата “Југохром” од Јегуновце, најави дека 150 работници ќе мора да ги прати на принуден одмор, но по шест месеци овие вработени треба да бидат вратени повторно на работа.Ваков договор бил постигнат со Владата, откако компанијата побарала да и се пролонгира рокот. Инаку во оваа фабрика работата голем број жители од тетовскиот регион.
Како преполовеното производство на големите компани се одразува врз економијата?
Големите индустриски капацитети се двигатели на индустриското производство, но прекинот на производството во овие две големи компании нема да се одрази врз расттото на индустриското производство, уверуваат од Владата. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, деновиве изјави дека
-Кога станува збор за раст на иднустријата или движења во економијата, за нас е важно да функционира системот. Занчи секогаш ќе има компании што ќе работат со помал или поголем капацитет или што имаат ремонт, оти често пати се случува поради ремонт во фирмите, тие два - три месеци да не работат, но она што треба да го движи индустриското производство е многу поширока основа на фирми, да не зависи индустриското производство од една или две фирми. Токму тоа е разликата во однос на преиодот од пред седум-осум години. Тогаш беа две до пет фирми кои што посебно беа во базичната индустрија која што е со ниска додадена вредност, и ако цените на стоките на берзата се ниски, тие компании одеа со помал капацитет на производство и тоа веднаш се одразуваше на индексот на индустриското производство.Трансформацијата што се случи во изминативе години во структурата на производството и извозот на производи со повисока додадена вредност што се произведуваат во слободните зони и можноста тие да се извезуваат тогаш кога економскиот циклус не е најповолен , помага да индустриското производство и вкупниот БДП не зависат од една или две фирми, изјави неодамна вицепремиерот Ставрески.
Според извештајот за “Зелен раст” на Светска банка, цврстите ПМ10 честички, се одговорни за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно, но и илјадиници изгубени работни денови – што претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно или 3,2% од Бруто-домашниот производ.
Ј.С
Слично
