Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКОНОМИИТЕ ЗАКРЕПНУВААТ: Скокна цената на нафтата

ЕКОНОМИИТЕ ЗАКРЕПНУВААТ: Скокна цената на нафтата

Eкономиите во светот се оправуваат по нестабилноста која ја донесе коронавирусот, а со тоа скокаат и цените на нафтата. 

Tие денеска се зголемија, а нафтата брент се тргуваше за повеќе од 40 долари за барел првпат од месец март. 

Цената на нафтата брент за испорака во август утрово имаше раст од 78 центи или за два отсто и се купуваше за 40,35 долари по барел.

Американската ВТИ нафта има раст од 1,06 долари или за 2,9 проценти и се тргуваше за 37,87 долари за барел.

Во однос на случувањата во нафтената индустрија, Русите нема да увезуваат нафта до октомври.  Одлуката стапи на сила вчера. 

Претходните денови, нафтата се тргуваше за 38 долари за барел. 
Слично

Поврзани вести