Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еколозите ги напаѓаат „Бошков мост“ и „Луково поле“ во Советот на Европа

Еколозите ги напаѓаат „Бошков мост“ и „Луково поле“ во Советот на Европа
Советот на Европа отвора случај за најавената изградба на хидроцентралите „Бошков мост“ и „Луково поле“ во Македонија. Ќе се проверува дали земјава ја крши Бернската конвенција со плановите да изгради хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“, информираат еколошките здруженија. Македонските еколошки граѓански здруженија поднеле жалба за прекршување на четири одредби од Бернската конвенција, вели Ана Чоловиќ Лешоска од здружението „Еко-свест“. „Постојаниот комитет најде основаност и оправданост на нашите тврдења дека балканскиот рис е ставен на ризик со спроведување на Бошков Мост и други хидро проекти. Комитетот соопшти дека ќе спроведе сопствена анализа во самиот национален парк за да го утврди степенот на закана за биодиверзитетот од страна на овој проект“, објаснува таа. Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) тврдат дека изградбата на хидроцентралите е целосно во согласност со меѓународните стандарди и обврски на државата. „Во текот на 2012 и 2013 година завршен е едногодишниот еколошки мониторинг на територијата на идната електрана со кој се предвидени и усвоени дополнителни мерки за заштита и минимизирање на несаканите влијанија од проектот. Извештајот од овој мониторинг на биодиверзитетот и на животната средина заедно со други придружни извештаи е доставен до ресорното Министерство за животна средина и просторно планирање и за него од ниту една заинтересирана страна не стигнаа забелешки во законски предвидениот рок. Во однос на „Луково Поле“ во овој момент, во финална фаза влезе изработката на студијата за оценка на влијанието врз животната средина на која работи реномирана светска компанија од Франција и таа се очекува да биде финализирана до почетокот на 2015 година“, се истакнува во соопштението на ЕЛЕМ.
Слично

Поврзани вести