Еколошкиот криминал во Македонија останува неказнет
Голем број еколошки кривични дела не се процесуирани, виновниците остануваат неказнети, поради организиран криминал се пустошат шумите , изјави професор Марина Малиш Саздовска на денешната стручна расправа „Сузбивање на еколошкиот криминал“.
„Во однос на самата заштита за животна средина можеме да потенцираме дека почнувајќи од Уставот е предвидено како право, меѓутоа многу малку се знае дека имаме право на животна средина“, рече Саздовска.
За време на расправата во организација на Факултетот за безбедност од Скопје, се говореше за влијанието на тероризмот врз животната средина, правната рамка за кривичните дела против животната средина, за националното законодавство во заштита на животната средина, третманот на опасен отпад во Република Македонија и за вршење на инспекциски надзор во врска со животната средина.
