Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еколошката такса да не се воведе наеднаш туку скалесто во две години: Фајненс тинк анализа

Еколошката такса да не се воведе наеднаш туку скалесто во две години: Фајненс тинк анализа

Воведувањето на еколошката такса врз цената на горивата ќе има ефект на инфлацијата и краткорочно и долгорочно, па Finance think (Фајненс тинк) порачуваат оваа давачка да се воведува скалесто. Владата предложи еколошка такса од 3,5 денари за литар гориво или 4,13 денари со вклучен ДДВ, со цел да се потпомогне зелената транзиција, односно да се дестимулира користењето фосилни горива и да се охрабри користењето обновлива енергија, како и алтернативни начини на транспорт. Анализите на Фајненс тинк покажале дека ефектот на инфлацијата краткорочно ќе биде од 0,15 до 0,3 проценти, а долгорочно уште посилно или д 0,8 до 0,9 проценти.

„Двата ефекта – краткорочниот и долгорочниот – не треба да се потценуваат. Оттука, препорачуваме еколошката такса да се воведе скалесто, 1,5 денари во јули 2021, 1 денар во јануари 2022 и 1 денар во јули 2022. Со тоа, ценовниот ефект, без оглед колку е мал, ќе биде дополнително разводнет, велат од Фајненс тинк.

Препорачуваат да се креира Фонд за зелена транзиција кој ќе осигури дека средствата собрани преку еколошката такса навистина ќе се употребат за поддршка на зелената транзиција во земјата. Додаваат дека е потребно Владата да преземе акција со која ќе го демантира впечатокот дека еколошката такса се воведува за да ги компензира фискалните приходи кои ќе се изгубат поради намалувањето на ДДВ-то на електричната енергија.

Слично

Поврзани вести