Еколошка инспекција во рудниците
Компанијата „Индо минерали и метали“ најдоцна за 10 дена треба да го достави проектот за покривање на каналите за пренос на јаловина од технолошките процеси до флотацијата на рудата. Ако ја немаат, во рок од 15 дена да ја изработат и да ја достават.
Доколку во одредениот рок не ја достават потребната документација, согласно законот, може да дојде и до затворање на рудникот, предупредија од Министерството за животна средина и Инспекторатот за екологија, чии претставници го посетија рудникот „Злетово“ во Пробиштип.
„Преносот на јаловината, имајќи предвид дека се одвива низ урбана средина, мора да биде максимално безбеден и со посебен режим на заштита“, рече државниот секретар во Министерството за животна средина Соња Лепиткова.
Казна ќе заработи и рудникот Бучим затоа што не ја пријавиле хаваријата што им се случила пред 3 дена, а истекувањето на јаловина во околните реки го пријавиле граѓани.
Слично
