ЕКОЛОГИЈА: Фени Индустри доби дозвола да гори повеќе гума!
Фабриката Фени Индустри доби дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање да користи поголемо количество на гума како алтернативно гориво во печките. На барање на Фени, процентот на гума во вкупното гориво што го користи Фени се зголемува од сегашните 15% на 25%.
Министерството за животна средина го ограничува процентот на гума што се користи за горење поради штетните материи што таа ги испушта во воздухот кога согорува. Со зголемениот процент, практично Фени доби дозвола повеќе да загадува, а најреволтирани од ова се кавадарчани.
По ваквата одлука на ресорното Министерство заседаваше и Советот на Општина Кавадарци и одлучи веднаш да вложи жалба на одлуката на Министерството.
Слично
