Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Еко-свест“ ќе се жали до Енергетската заедница, поради судир на улоги кај Анѓушев

„Еко-свест“ ќе се жали до Енергетската заедница, поради судир на улоги кај Анѓушев

„Еко-свест“ поднесе жалба до Енергетската заедница поради владината Уредба за поддршка на производство на електрична енергија од обновливи извори која, според центарот за животна средина, ги фаворизира малите хидроелектрани пред другите енергетски извори и создава судир на улоги кај вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

-Вицепремиерот Кочо Анѓушев, поседува голем број мали хидроцентрали, а неговиот кабинет е тесно вклучен во подготовката на законодавството за енергетскиот сектор. Затоа одлуката на Владата да даде предност на малите хидроелектрани изгледа сомнително, вели во пишана изјава во соопштението Давор Пехчевски од „Еко-свест“.

-„Еко-свест“ смета дека експанзијата на мали хидроцентрали во Југоисточна Европа прави пустош во животната средина и дека новата законска рамка одобрена од Владата во февруари оваа година дозволува неограничен број хидроелектрани под десет мегавати да продолжат да добиваат оперативни субвенции во форма на повластени тарифи. 

-За земја што го има Сонцето на нејзино знаме, Северна Македонија чудно го користи својот потенцијал. Привилегираната хидроенергија можеби имала смисла пред неколку години кога сончевата и ветерна енергија била премногу скапа, но тие денови се одамна поминати, вели Филипа Галоп од CEE Bankwatch Network и додава дека оваа пракса мора да се смени за да се изедначат можностите.


Слично

Поврзани вести