Екипи на ЕВН на терен, отстранети дефектите во повеќе општини
Повеќе населени места и градови ширум земјава поради невремето со обилни врнежи од снег и ветер останаа без електрично напојување а дистрибутивната мрeжа на ЕВН Македонија во регионот на Дебар, Струга и Охрид пртетрпе големи штети, информираат од ЕВН Македонија.
Имено, најчестите дефекти се на 35 и 10 киловолтни (кВ) далекуводи, кај кои заради големите наноси на снег, столбовите се паднати или искривени.
Екипите вложуваат големи напори и постојано работат на отстранување на дефектите и покрај тешко пристапните терени.
Корисниците од градовите Охрид, Струга и Дебар добиле нормално снабдување со електрична енергија, откако АД МЕПСО, го отстрани дефектот на 110кВ врска од Ресен до Охрид. Сеуште има прекин на 110 кВ врска на АД МЕПСО од Вруток кон Шпиље, тоа е втората врска за Охрид и Струга. Во моментов екипите на ЕВН работат на отстранување на дефектите на улиците во Охрид каде што има искинати кабли и урнати столбови. Голем проблем за екипите на ЕВН е непроодноста на патот од Струга до Дебар, па затоа дополнителни екипи не се во можост да стигнат на отстранување на дефектите во дистрибутивната мрежа.
Поодалечените места, Јанче, Центар Жупа, Лабуништа, Луково, Суво Поле, Косел, Градиште, Мешеиша и Песочани се без снабдување со електрична енергија. Регионот на Сарај, Кондово и Матка исто така е без снабдување со ЕЕ, заради големи снежни наноси и дефект на 35кВ далекувод. Екипите на ЕВН работат на отстранување на дефектот. Регионот на Тополчани, исто така е без снабдуванје со ЕЕ, заради големи снежни наноси и дефект на 35кВ ДВ. Се работи на отстранување на дефектот. На 10кВ дистрибутивна мрежа сеуште има дефекти, кои се отстрануваат од екипите кои се на терен. И овде голема пречка претставуваат непроодните патишта, па затоа се апелира до надлежните институции ( државни и локални), да се направат напори за оспособување на патиштата за да се намали времето на отстранување на
Во моментов прекини во снабдувањето има и се очекува истите да бидат санирани во најбрз можен рок:
Општините Струга, Дебар, Центар Жупа Маврово- Ростуша на 110 кв врска
Општина Дебарца, 110кв
Кумановско - Вишница, Никуштак на 20 кв врска
Скопско - Тисовица, Гумалево, Добрино, Страхојадица на 10 кв
Скопско - Кондово, Сарај, Матка на 35кв врска
Кичевско - Староец, Карабуница, Вранештица, Цер, Прострање 10кв
Ресенско - населени места околу преспанско езеро, Отешево, Стење, Љубојно, Брајчино,
Јанкоец, Крушје, Златари 10 кв
Прилепско - Тополчани, Канатларци, Ивањевци 35 кв
Велешко - Дреново, Лисиче, Горно врановци 10 кв
Битолско - молика, детско одмаралиште, Трново, Магарево..10кв
