ЕК загрижени за Македонија, Георгиева вели внимателно се следи секој чекор
Кристалина Георгиева заменик претседателот на Европската комисија вели дека се загрижени за Македонија после сите случувања во изминатиов период.
Таа потенцира дека Европа не се откажува од Македонија и дека внимателно следат она што се случува.
„Следиме многу внимателно она што се случува и знаеме дека најсигурниот начин да се надминат проблемите со кои се соочуваат е да станат дел од општото европско семејство“, вели Кристалина Георгиева.
Според она што го кажа таа ЕК не планира да вклучи нови земји-членки во наредните пет години, но тоа не значи дека не ги подготвува земјите кандидати за членство.
„Напротив. Иако буџетот на Европа сега е помал во споредба со претходните седум години, парите кои посветуваат за земјите-кандидати за членство се зголемени и обрнуваме посебно внимание на институциите, без кои тие нема да можат да се приклучат кон ЕУ“, изјавила Георгиева .
„Ние се грижиме за ситуацијата, бидејќи кога се пролее крв во нашиот регион на Балканот тоа е опасно. Апелираме за здрав разум. Видовме дека беа преземени сите мерки, вклучувајќи и оставки во Владата на Македонија. Комесарот Јоханес Хан, кој е одговорен за нашите соседи е во секојдневен контакт со владата и опозицијата. Ги повикуваме да се седне на масата на преговори. Самата Македонија треба да одлучи кој е најдобар пат за решавање на овие внатрешни проблеми“, изјавила Кристалина Георгиева.
