ЕК задоволна од договорот во Македонија, но очекува уште чекори!
Европската комисија изрази задоволство за постигнатиот договор помеѓу политичките партии во Македонија, но соопшти дека со внимание ги очекува следните чекори на Владата.
Ова е првата реакција на ЕК по успешното прифаќање на најтешките точки од договорот од јули, кој стави крај на политичката криза во земјава. Од Брисел објавија дека очекуваат договор за влада за изборен законик, кој прво треба да помине на законската процедура.
ЕК во вторник ќе го објави годишниот извештај за напредокот на земјите во процесот на проширување на Европската унија. По синоќешниот договор се очекува Македонија да ја добие седмата последователна препорака за почеток на преговори под услов на целосно спроведување на договорот од јуни - јули и успешно организирање и спроведување на предвремени парламентарни избори во април следната година.
