Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК за конструктивност на партиите, а против напади кон Хан!

ЕК за конструктивност на партиите, а против напади кон Хан!

Од Европската комисија побарале партиите потписнички на договорот од Пржино да покажат конструктивност во спроведување на фер и демократски изборен процес, а со осуди за нападите врз еврокомесарот Јоханес Хан, соопштува МИА.

Маја Коцијанчиќ, потрпаролката на комесарот во изјава за погореспоменатата агенција побарала спроведување на потпишаното со цел суштинско осигурување на веродостојни и демократски избори.

Таа порачала дека Хан, и Брисел очекуваат имплементација на договореното во интерес на граѓаните и државата.

Евркомесарот според најавите во земјава треба да дојде во средината на февруари . Се очекува да направи увид во досегашните подготовки на изборите .

Според некои брифирања во медиумите, можно е Хан да оствари среди само сопретставници на Државната изборна комисија (ДИК), на ОБСЕ/ОДИХР и други страни инволвирани во пдоготовка и организирање на изборите, но не и со претставници на политичките партии во земјата.

Слично

Поврзани вести