Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК: Во ЕУ во 2012 година биле конфискувани фалсификувани производи во вредност од милијарда евра

ЕК: Во ЕУ во 2012 година биле конфискувани фалсификувани производи во вредност од милијарда евра

Европската комисија денеска соопшти дека цариниците во Европската унија во 2012 година конфискувале фалсификувани производи вредни речиси милијарда евра, при што најголемиот дел од нив потекнуваат од Кина.

Еврокомесарот за царини Алгирдас Семета истакна дека фалсификуваните производи го поткопуваат легалниот бизнис, а исто така, ја загрозуваат и безбедноста на потрошувачите.

Како што јави ДПА, лани се запленети приближно 40 милиони фалсификувани производи, што е многу помалку од 115-те милиони конфискувани во 2011 година. Ваквото намалување Европската комисија го припишува главно на смалената испорака на фалсификувани производи.

Европската комисија наведува дека цигарите се на врвот на списокот на фласификувани производи, а по нив следат пијалоци, лампи, лепила, батерии и детергенти.

Слично

Поврзани вести