Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК: Турција не исполнила ни половина од условите за безвизен режим

ЕК: Турција не исполнила ни половина од условите за безвизен режим

Турција ги исполнила помалку од половина од барањата на ЕУ за воведување на безвизен режим за краткорочни патувања на турски граѓани во ЕУ, изјави во четвртокот директорот на Одделот на Европската комисија (ЕК) за миграција и внатрешни работи Марија Сиган, пренесе РИА Новости.

„Анкара постигна целосна или речиси целосна реализација на 35 од 72-те услови“, рече таа пред Европскиот парламент.

На 4 мај ЕК може да препорача да се укинат визите за граѓаните на Турција ако Анкара ги исполни сите потребни аранжмани предвидени во договорот со ЕУ.

На овој ден ЕК ќе го претстави својот трет извештај за напредокот во визната либерализација за Турција.

Пред неколку дена претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер изјави дека „како дел од договорот, ние работиме за визната либерализација за турските граѓани. Турција треба да ги исполни сите останати услови“.

„Визната либерализација е прашање на критериуми. Критериумите нема да бидат неоценети во случајот на Турција“, истакна тој.

Слично

Поврзани вести