ЕК: Србија може да ги започне преговарачките поглавја оваа година
Еврокомесарот за политика на добрососедство и проширување Јоханес Хан изразил уверување дека ако се продолжи со имплементација на договореното, Србија ќе ги започне преговарачките поглавја оваа година.
Според него претходниото искуство во процесот на проширување покажува дека новите земји од ЕУ од првиот ден треба да бидат членки со полн капацитет. Тој објаснил дека поради тоа отворањето на поглавјата е најдобар начин да се постигне напредок во процесот на подготовка за членство.
Хан истакнал дека на граѓаните на Србија треба да им бидат претставени конкретните придобивки од членството на земјата во ЕУ.
„Станува збор за сеопфатен процес, многу поширок од преговорите“, истакнал Хан.
Слично
