ЕК со ултиматум до Македонија: Уште денес да постигнете нов изборен модел!
Европската комисија „ЕК“ ги повика лидерите на четирите главни политички партии во веднаш да постигнат договор и да го потпишат новиот изборен закон.
ЕК жали што партиите не успеаја да ги финализираат реформите во изборниот закон, покрај постигнатиот напредок во преговорите на експертските групи. Ги повикуваме лидерите на четирите политички партии уште денес да постигнат договор. Изборите се приближуваат и поради оваа причина треба да биде донесен Изборниот закон што е можно поскоро за да се започне и со неговата примена - со оглед дека изборите ќе се одржат во месец април следната година“, изјавил портпаролот на еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, ЕК, Маја Коцианчиќ.
Потсетуваме дека на 15 јули лидерите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на нивниот коалициски партнер ДУИ, Али Ахмети, на опозициската СДСМ Зоран Заев и на ДПА Мендух Тачи потпишаа договор за излез од политичката криза, кој предвидува создавање на Специјален судија и промени во изборниот закон, составување на преодна влада три месеци пред изборите и спроведување на предвремени парламентарни избори во месец април 2016 година.
Денес дипломатските претставници на САД и ЕУ во Скопје објавија заеднички коментар во кој изразуваат жалење од неуспехот на преговорите за новиот изборен закон.
„Силно ги поддржуваме четворицата лидери да постигнат договор уште денес, бидејќи изборите се приближуваат“, се вели во пораката.
