Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК со нови мерки против избегнувањето на даноците од компаниите

ЕК со нови мерки против избегнувањето на даноците од компаниите

Европската комисија претстави денеска пакет мерки, кои имаат за цел да ги координираат напорите на 28-те земји-членки во борбата против агресивните даночни практики на големите компании.

Пакетот вклучува две законодавни иницијативи - нова Директива за борба против избегнување на даноци и промени во постојната Директива за административна соработка, се вели во соопштението на ЕК.

Новата Директива за борба против избегнување на данокот, предложена од Комисијата, има за цел да создаде правно обврзувачки мерки за борба против некои од најраспространетите шеми за избегнување на даноци.

Предлозите за промени во Директивата за административна соработка ќе ja подобрат размената на информации помеѓу националните органи за даночни прашања кои влијаат на активностите на мултинационални компании во секоја одделна земја.

Ова ќе го олесни идентификувањето на ризиците за избегнување на даноци.

Комисијата упатува препораки до земјите-членки како да спречуваат злоупотреби со даночни спогодби, како и нова постапка во ЕУ за составување на листите на земји надвор од Унијата, кои одбиваат да се усогласат со правилата, т.н. "црната листа".

Пакетот е проследен од новото истражување за агресивното даночно планирање во кое се анализираат главните канали кои се користат од страна на друштвата за избегнување на даноци.

Слично

Поврзани вести