ЕК: Што пишува во пролетната економска прогноза за Македонија?
Бруто- домашниот производ во Македонија е значително забавен поради недостиг на инвестиции.
Ова стои во пролетната економска прогноза на Европската комисија за државите членки, за Западниот Балкан, за САД, Индија и Кина.
И во пролетната економска прогноза на Европската комисија се спомнува политичката криза која не е завршена и којашто влијаела врз економската состојба во земјава.
Комисијата наведува дека и минатогодишното забавување на економијата е поради долготрајната политичка криза. Институциите се блокирани за спроведување на структурните реформи, јавниот долг не може да се стабилизира.
Сепак економските основи, побарувачката, увозот и извозот остануваат стабилни.
Брисел посочува дека Македонија има преоптимистички сценарија за дефицитот и нивото на приходите во однос на фискалната политика комисијата, а економските проекции ќе зависат од политичката разрешница
За годинава се предвидува раст на БДП од 2,9% за разлика од лани, кога македонската економија достигна 2,4%. Во следната година растот ќе достигне 3,2%.
Невработеноста годинава треба да се намали за 1,3% и да изнесува 22,4%, а во 2018-та година, Европската комисија очекува пад на невработеноста на 20,9% од активната работна сила.
Македонија е во групата на средно задолжени земји со 40% задолженост на Владата.
