ЕК: Северна Македонија пријави дека нема доволно трошоци за да добие помош од Солидарниот фонд
Европската комисија за МИА објави дека Секретаријатот за европски прашања сепак пријавил во рамки на зададениот рок дека неМакедонија не го исполнува условот, односно висината на трошокот за да добие дел од Солидарниот фонд на ЕУ од 570 милиони евра за пандемијата, по одредени коментари дека не сме аплицирале.
Од овој фонд средства добија и Србија, Албанија и Црна Гора како дел од Западен Балкан, но Македонија во рок од првите четири месеци од почетокот на пандемијата не направила вонредни трошоци од 0,3 отсто од БДП за справувањето со коронавирусот. Неофицијалните пресметки сепак се дека земјата би добила помош од околу 750.000 евра со достигнувањето на потребниот праг.
- Што се однесува до Солидарниот фонд, Комисијата и Северна Македонија беа во контакт минатата година, но Северна Македонија ја информираше Комисијата дека во тој момент нема доволно расходи да пријави за да го постигне прагот предвиден од страна на регулативата на Солидарниот фонд, велат официјално од ЕК.
Надвор од Солидарниот фонд, од ЕК за МИА велат дека за земјата се дадени 226 милиони евра за да ги покрие медицинските опремувања, да ги поддржи ранливите групи, бизнисите и невработените, како и макрофинансиска асистенција.
„Северна Македонија може да смета и на дел од достапните 70 милиони евра за Западниот Балкан како девет милијарди од Економскиот и инвестициски план на Европската Комисија за регионот“, додаваат од ЕК.
