Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК сака Фонд за сиромашните тежок 2,5 милијарди евра

ЕК сака Фонд за сиромашните тежок 2,5 милијарди евра
Европската комисија предложи воспоставување на посебен фонд за помош на сиромашните, тежок 2,5 милјарди евра. Фондот треба да ја достигне оваа сума на средства од 2014-та до 2020 година и ќе се користи за помош во храна и облека за најсиромашните од Унијата, за бездомниците и децата. Во склоп на националните програми, фондот ќе покрие 85% од помошта, а државите членки 15%. Новиот фонд ќе биде дел од Фондот за кохезија. Дел од државите членки како Германија, Шведска и Велика Британија се противат на идејата за помош во храна бидејќи сметаат дека тоа треба да биде исклучиво национална надлежност. Со компромисот на Германија и Франција, постоечката програма за помош во храна е продолжена и во 2012 и 2013-та, но Берлин бара укинување на помошта до 2014-та.  
Слично

Поврзани вести