Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК: Русија не предвидува ништо добро

ЕК: Русија не предвидува ништо добро

Според претходната прогноза на ЕК, очекуван е раст од 0,3 одсто во оваа и 1,2 одсто во 2016 година, пренесува агенцијата Тас.

Европската комисија истакнува дека таа прогноза е подложна на промени поради цените на нафтата и финансиската стабилност на која влијаат „слаби биланси на компанијата за банкарски и корпоративен сектор поради падот на рубљата и ограничен пристап на финансиските пазари“.

Инфлацијата во Русија, според прогнозата на ЕК, во 2015 година ќе достигне 9,5 одсто, а во наредната ќе падне на седум одсто.

Во ЕК предвидуваат дека нивото на државен долг на Русија оваа година ќе порасне на 19,5 одсто од БДП , од 15,9 одсто во 2014 година. За наредната година ЕК прогнозира понатамошен раст на задолженоста до 20,5 одсто од БДП.

И во тој случај, нивото на задолженост на Русија ќе остане повеќе од четири пати пониско од задолженоста на државите на Европската унија, која оваа година ќе достигне 88,3 одсто.

Задолженоста на земјите на еврозоната во 2015 година ќе биде 94,4 одсто од нивниот вкупен БДП, наведува Тас.

Слично

Поврзани вести