Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕK предлага нови мерки за поседување оружје

ЕK предлага нови мерки за поседување оружје

ЕК предложи нови и построги правила за продажба и поседување на огнено оружје од граѓани. Се предлага и регистрација на воздушниот сообраќај. За да стапи во сила, предлогот за оружјето треба да биде утврден од страна на Советот на ЕУ и Европскиот парламент, пренесоа агенциите.

Предвидено е воведувањето на паневропски регистар за случаите во кои е одбиено издавањето на дозвола за стекнување на оружје. ЕК предвидува исти методи за отстранување на огнено оружје (кои најчесто спаѓаат кај колекционерите). Се предлага забрана за поседување на полуавтоматско огнено оружје, дури тоа да е извадено од употреба.

Мерките го опфаќаат ограничувањето на можностите за купување на огнено оружје, муниција и делови за оружје онлајн. Се размислува за воведувањето на исти методи за означување на произведените огнени оружја, за да биде олеснето нивното следење.

Се предлага и изедначувањето на методите за производство на сигнално оружје, за да се избегне преработката во оружје за уништување.

Правилата за колекционирање на оружје ќе бидат построги, ќе биде зголеменљ размената на информации за оружјето во оптек.

Еврокомесарот за внатрешниот пазар и индустријата Елжбета Биенковска истакна дека промените во директивата ќе ги опфатат "сите видови оружја", прашана дали се предвидуваат мерки и во однос на ладното оружје. Таа додаде дека не се предвидува пререгистрација на веќе издадените дозволи за носење оружје од граѓани во ЕУ.

Еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос коментира дека досега не се користела целосно можноста за размена на информации во Шенген системот. Тој даде пример со терористите, кои го нападнаа Париз во петокот, за кои имало податоци, но овие податоци не биле користени преку Шенген систем и тоа доведе до пропуст на атентаторите во различни државни граници. Некои работи во Шенген треба да бидат променети и разгледани, но ако се применува целосно, тоа законодавство е одлуката, а не проблемот, коментира Аврамопулос.

Според неговите зборови е многу важно до крајот на годината да биде прифатено законодавството за воведување на систем за регистрација на воздушниот сообраќај. Во одговор на прашање Аврамопулос појасни дека системот нема да собира податоци за патници со возови во ЕУ. Атентаторите од Париз не беа имигранти, Европа треба да ги засолне луѓето по потреба, коментира еврокомесарот за внатрешни работи.

Слично

Поврзани вести