Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК: Нема изгледи за излегување на Грција од еврозоната

ЕК: Нема изгледи за излегување на Грција од еврозоната

Европската комисија не гледа перспектива за излез или исклучување на Грција од еврозоната. Ова го велат од прес-службата на ЕК, коментирајќи публикација во европските медиуми за можно исклучување на Грција, во случај земјата да прогласи неможност за извршување на обврските за долговите, пренесоа агенциите.

"Правен механизам за исклучување на земјата од еврозоната не постои. Активностите на ЕК потекнуваат од порано дофатените аранжмани меѓу Грција и меѓународните кредитори на основа на новата програма за реформи за продолжување на меѓународната финансиска помош на Атина ", истакнаа од ЕК.

Претходно британскиот The Times изјави дека земјите од ЕУ готват план за исклучување на Грција од еврозоната, во случај во мај Атина да објави банкрот. По негови информации, таквите планови се изложени во документот, изготвен од Министерството за финансии на Финска во соработка со Германија. Авторите предупредуваат дека оваа пролет претстојат "тешки политички одлуки". "Со премолчена согласност на останатите земји од еврозоната започна процес кој како резултат може да заврши со исклучувањето на Грција од еврозоната", се вели во документот со датум 27 март.

Финска е убедена дека како резултат на спроведените во последните три години реформи и мерки донесени од Европската централна банка, еврото ќе успее да ги преживее последиците од евентуален неуспех на Грција од единствената европска валута ", нагласува весникот.

Слично

Поврзани вести